Зидан без Роналдо во стартниот тим на Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед

Од:

Во исчекување на вечерашната пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, медиумите од Шпанија и Англија, денеска излегоаа со можните состави со кои Зинедин Зидан и Жозе Мурињо ќе го почнат Супер куп натпреварот во Скопје.

Двата тима синоќа ги одржаа единствените тренинзи пред денешниот меч, а тренерите на средбите со новинарите не сакаат да ги откријат составите.

Зидан единствено напомена дека Кристијано Роналдо не случајно е во Скопје, и дека Португалецот е подготвен да игра, но дали тоа ќе биде од првата минута Зидан најверојатно ќе реши пред самиот натпревар.

Затоа и во предвидувањата на шпанските медиуми во меѓу почетните единаесетмина го нема Португалецот.

Можен состав на Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Модриќ, Касемиро, Крос, Иско, Бензема и Бејл. Тренер Зинедин Зидан.

Можен состав на Манчестер Јунајтед: Де Геа, Валенсија, Линделоф, Смолинг, Блинд, Херера, Матиќ, Погба, Рашфорд, Лукаку и Мхитарјан. Тренер: Жозе Мурињо.

Натпреварот кој ќе започне од 20 часот и 45 минути ќе го суди Италијанецот Џанлука Роки.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана