Францускиот фудбалер Оливие Жиру ќе се пресели од Челзи во Милано. Според „Calciomercato.com“, италијанскиот клуб се договорил со напаѓачот за двегодишен договор со плата од околу четири милиони евра годишно. Французинот веќе бара дом во Милано.
Останува страните да се договорат за малите детали од договорот. Трансферот ќе биде објавен по финалето во Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Манчестер сити закажано за 29 мај.
Во завршената сезона 2020/21 во Премиер лигата,34-годишниот Жиру влезе на теренот на 17 натпревари и постигна четири гола.