Жиру го помина Зидан на листата најдобри стрелци кај „триколорите“

Од:

Актуелниот светски фудбалски шампион Франција синоќа во Париз ја победи Холандија со 2:1. Стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ на 15 минути пред крајот на натпреварот беше Оливие Жиру.

За него ова беше 32. погодок во националниот тим со што се искачи на 4. место на вечната листа оставајќи го зад себе легендарниот Зинедин Зидан на 31 гол.

– Жиру е многу благодарен играч кој често пати е неправедно критикуван. Многу сум среќен за него што постигна гол, изјави францускиот селектор Дидие Дешан по триумфот над Холандија во Лигата на нации.

Франција е прва во Групата – 1 со 4 бода од две средби, Германија е втора со 1 бод, додека Холандија е трета без освоен бод.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска