Милан го победи Интер со 2:1, во „Дерби дела Мадонина“ и со натпревар повеќе има само бод помалку од лидерот на табелата.
Чудната и помалку кукавичка тактика на СИмоне Инзаги му овозможи на Милан да направи пресврт во второто полувреме и да ги освои бодовите.
Интер доминираа во првиот дел, пред голот за 1:0 на Иван Перишиќ во 38.минута, голманот Мењан со неколку одлични интервенции го спаси Милан.
Во вториот дел, Интер се реши да го намали интензитетот на играта, а со дефанзивните измени што ги направи Инзаги во 70.минута му овозможи на противникот да ги контролира случувањата на теренот.
Во само три минути Милан, преку Оливие Жиру, направи целосен пресврт. Францускиот репрезентативец погоди во 75. и 78.минута.