Интернационалецот од Брегот на Слоновата коска и досегашен играч на Арсенал, напаѓачот Жервињо е најновото засилување за калчолигашот Рома.
Жервињо денеска допатува во Рим и по завршувањето на лекарските прегледи ќе потпише четиригодишен договор со „римската волчица“.
Рома на Арсенал ќе му плати оштета од осум милиони евра плус два милиони евра бонуси за трансферот на 26-годишниот фудбалер. Освен во Арсенал, Жервињо има настапувано и за Беверен, Ле Ман и Лил.