Женска трка во Градски парк

Од:

Во Градскиот парк кај Школка денеска ќе се одржи женска трка под мотото „Превенцијата од заболувањата почнете ја со вежбање“.

Трката има ревијален карактер, а ја организира Сојузот на спортови на Скопје како дел од промотивните трки на Скопски маратон 2013. Предвидено е да трае 10–15 минути. Котизацијата е 50 денари при што секоја учесничка добива стартен број.

Патеката долга 1.000 метри (еден круг во паркот), ќе биде означена и обележена со конуси и ленти. По должината ќе има волонтери.

Пред почетокот на трката ќе се одржат аеробик вежби, за загревање, со инструктори – аниматори, а по завршувањето, со лотарија, ќе бидат доделени наградите од спонзорите.

Трките од овој карактер постојот насекаде низ светот со иста цел, да ја подигнат свеста на жените дека никогаш не е доцна да почнат со активност.

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов

Поп Арсова на 28. место на маратонската трка на СП