Жан Тод: Формула 1 нема да биде целосно електрична

Од:

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) Жан Тод ги отфрли гласините дека најпрестижниот автомобилски шампионат – Формула 1 – во иднина ќе стане целосно електрично натпреварување.

Неодамна спортскиот шеф на „Либерти медија“ Рос Браун објави дека ништо не може да ги запре „кралските трки“ да го следат примерот на целосно електричните серии на Формула Е. Тод побрза да ги демнатира овие зборови, нарекувајќи ги „целосна бесмислица“.

– Тоа нема да се случи. Станува збор за две радикално различни тркачки серии. Болидите во Формула Е не можат да ги развијат истите брзини какви што имаме во Формула 1. Тоа е една од причините што трките од Формула Е да се одржуваат во градски услови – не би било интересно ако се одржуваа на „Монца“ на пример, вели Французинот.

Според него Формула Е се развива добро, но споредбите меѓу Формула Е и Формула 1, сепак се „едноставно здодевни“.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин