Зголемено насилството на стадионите во Германија

Од:

Годинава значително е зголемено насилството на фудбалските стадиони во Германија, соопшти денеска полицијата во оваа земја.

– Насилството и посетеноста се пропорционални, а кон тоа треба да се додадат и бројот на повредени на стадионите, како и бројот на уапсени лица. Во сезоната 2012/13 бројот на повредени навивачи и полицајци изнесуваше 788, а минатата сезона 1.281, информира германската полиција.

Што се однесува до приведените лица, сезоната 2013/14 ги имаше 8.989 или за 31% повеќе од претходната сезона.

Зголемување се бележи и кај бројот на поднесени кривични пријави. Минатата сезона кон судовите биле процесирани 7.863 кривични пријави или 21% повеќе од сезоната 2012/13.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска