Зденек Земан не е веќе тренер на Рома

Од:

По серијата лоши резултати чешкиот стручњак на клупата на Рома денеска доби отказ. Повод за отпуштањето на тренерот на „римската волчица“ беше синоќешниот пораз на Рома од Каљари со 4-2.

Фудбалерите на Рома сезонава ја почнаа во променлива форма, потоа следуваше период на стабилизација и посебно успешни резултати во Копа Италија каде обезбедија полуфинале и борба за финалниот дуел, но лошите резултати во Серија А на почетокот на 2013 година го принудија раководството на римскиот клуб да се реши на ваков чекор.

Според информациите кои доаѓаат од Италија најблиску до тренерското место во Рома се Лоран Блан, Марко Џампаоло и Франк Рајкард. До назначување нов тренер, рома ќе биде предводена од досегашниот помошник на Земан Аурелио Андреацоли.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска