Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Од:

На фудбалското натпреварување на кое учествуваат најдобрите континентални фудбалски репрезентации вечерва на програмата се натпреварите за прво и за трето место.

Претпоследниот дуел на Купот на конфедерации кој се одржува во Бразил ќе започне од 18 часот и во него за 3. место ќе се борат селекциите на Уругвај и на Италија.

Италија на овој дуел влегува значително ослабена. Откако пред неколку дена поради повреда Марио Балотели и Игнасио Абате го откажаа настапот во репрезентацијата, нив им се приклучуваат Андреа Пирло и Андреа Барзаљи  кој се повреди со Шпанија во полуфиналето.

Големото финале ќе почне точно на полноќ на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро и во него се среќаваат домаќинот Бразил и светскиот првак Шпанија.

Бразилците најавија прекинување на шпанската доминација, додека „црвената фурија“ во овој дуел влегува со желба да го потврди лидерското место во репрезентативниот фудбал.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска

Шпанија и Уругвај го потврдија полуфиналето на Купот на конфедерации

Ана Ололовска