Шпанија и Уругвај го потврдија полуфиналето на Купот на конфедерации

Од:

Репрезентациите на Шпанија и Уругвај со убедливи победи го заверија пласманот во полуфиналето на фудбалскиот Куп на конфедерации кој се одржува во Бразил.

Актуелните континентални шампиони на Европа и на Јужна Америка, вчеравечер во натпреварите од последното 3.коло од група Б остварија победи во дуелите со Нигерија и Тахити.

Шпанците со головите на Жорди Алба во 3 и 88.минута и Фернандо Торес во 62.минута ја совладаа Нигерија со 3:0, за третата победа во групата и освојување на првото место.

Уругвај ја наполни мрежата на селекцијата на Тахити совладувајки ја со 8:0. Ернандез беше стрелец на четири гола (2, 24, 45 и 67 пенал), а во листата на стрелците се запишаа и Перез (27), Лодеиро (61) и двапати Суарез (82 и 90).

Со тоа комплетирани се и полуфиналните двојки, па в среда (26 јуни), ќе играат домаќинот Бразил и Уругвај, а ден подоцна (27 јуни) во реприза на финалето од Европското првенство ќе играат европскиот и светски првак Шпанија и селекцијата на Италија.

На 30 јуни ќе се играат натпреварите за трето место и големото финале.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска