Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Од:

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Андерсон Хернанес денеска изјави дека би сакал во финалето на Купот на конфедерации да ја избегне Италија и да се сретне со Шпанија.

– Желба ми е во финалниот дуел да играме со Шпанците, бидејќи „мојата“ Италија може да биде многу незгодна, но ќе видиме што ќе се случи вечер. Веќе личиме на репрезентација која созрева, со задоволство ги одработуваме тренинзите предводени од селекторот Сколари и убаво си поминуваме на теренот, истакна бразилскиот фудбалер и член на калчолигашот Лацио.

Полуфиналниот дуел со Уругвај Хернанес го оцени како многу тежок и како што рече, тимот со поголема концентрација успеа да победи.

Во првото полуфинале на Купот на конфедерации што се одржува во Бразил, синоќа домашната селекција го совлада Уругвај со 2:1.

Вечерва од 21 часот е второто полуфинале во кое ќе игратт Шпанија и Италија.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска

Шпанија и Уругвај го потврдија полуфиналето на Купот на конфедерации

Ана Ололовска