Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Од:

Фудбалскиот Куп на конфедерации се ближи кон крајот, а вечерва на програмата е првиот од двата полуфинални натпревари. На стадионот „Минеирао’’ во Бело Хоризонте, ќе играат домаќинот Бразил и селекцијата на Уругвај.

Вечерашното ќе биде 71-во соочување на големите јужноамерикански конкуренти, чие ривалство датира од далечната 1916 година, а кулминираше во 1950 година, кога во финалната фаза на Светското првенство во Бразил, на легендарната „Маракана’’ селекцијата на Уругвај го совлада домаќинот за освојување на светскиот трон.

„Кариоките’’ се надеваат дека токму сега ќе успеат да му вратат на големиот ривал и дека ќе ја продолжат низата од шест натпревари без порази (четири победи), за пласман во големото финале и можност за одрбана на титулата во ова натпреварување.

Уругвај кој е актуелен шампион на Јужна Америка, нема победа во дуелите со Бразил од 2001 година, во квалификациите за СП.

Во меѓусебните биланси Бразил е поуспешен со 32 победи наспроти 19-те на Уругвај и исто толку нерешени дуели.

Почетокот на натпреварот Бразил – Уругвај е вечер во 21 часот, термин во кој утревечер ќе играат европските ривали Шпанија и Италија во вториот полуфинален дуел.

Би можело да ве интересира

Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска

Шпанија и Уругвај го потврдија полуфиналето на Купот на конфедерации

Ана Ололовска