Италија го освои третото место на Купот на конфедерации

Од:

Репрезентацијата на Италија го освои третото место на Купот на конфедерации што се одржува во Бразил, откако вечерва во Салвадор ја победи селекцијата на Уругвај по изведување на удари од 11 метри со вкупни 5:4 (2:2 по 120 минути игра).

Во пенал серијата, Диего Форлан, Мартин Касерез и Валтер Гаргано промашија за Уругвај, а само Матија Де Шиљо беше непрецизен во победничкиот тим.

Италија двапати имаше водство во основните 90 минути. Давиде Астори во 24.минута го постигна првиот гол за италијанската репрезентација за предност на полувремето од 1:0.

Второто полувреме започна со иницијатива на Уругвај што резултираше со изедначувачки гол на Едисон Кавани во 58.минута.

Најубавите моменти од овој дуел се случија во периодот од 73 до 78.минута кога Алесандро Диаманти (73.минута) повторно ја доведе Италија во водство со прекрасен гол од слободен удар, а пет минути подоцна исто така од слободен удар Кавани по вторпат изедначи.

Финалниот дуел е закажан за вечерва на полноќ кога на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе се сретнат домаќинот Бразил и светскиот првак Шпанија.

Би можело да ве интересира

Завршни натпревари во Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Переира: Време е да заврши шпанската ера

Ана Ололовска

Хернанес ја посакува Шпанија во финалето

Ана Ололовска

Бразил – Уругвај, во првото полуфинале на Купот на конфедерации

Ана Ололовска

Балотели го пропушта дуелот со Шпанија

Ана Ололовска

Шпанија и Уругвај го потврдија полуфиналето на Купот на конфедерации

Ана Ололовска