Со два нерешени резултата во третото коло од Х-групата, вечерва завршија натпреварите од групната фаза на Европското фудбалско првенство.
Во дербито одиграно во Будимпешта, Франција и Португалија одиграа 2:2. Со истиот резултат заврши средбата во Минхен меѓу Германија и Унгарија.
Франција е прва во групата со пет бода, Германија и Португалија имаат по четири, а Унгарија е елиминирана како последнопласирана во групата со два освоени бода.
По комплетирањето на групната фаза, познати се 16-те патници во осминафиналето, а еве ги елиминациските двојки:
Велс – Данска
Италија – Австрија (сабота 26 јуни);
Холандија – Чешка
Белгија – Португалија (недела 27 јуни);
Хрватска – Шпанија
Франција – Швајцарија (понеделник 28 јуни);
Англија – Германија
Шведска – Украина (вторник 29 јуни).