Завршија натпреварите во фудбалското првенство на Франција

Од:

Со средбите од последното 38. коло во Лига 1, одиграни синоќа, заврши сезоната во фудбалскиот шампионат на Франција.

Фаворитите не дозволија изненадувања и остварија победи, по што нема промени на врвот на табелата, а со тоа нема промени ниту во имињата на тимовите кои изборија пласман во европските купови.

Така, покрај шампионот П.С.Ж, директен пласман во Лигата на шампионите обезбеди и Олимпик Лион, додека Монако ќе игра во квалификациите.

Франција во Лига Европа, следната година ќе ја преставуваат Олимпик Марсеј и Сент Етијен, додека Лига 1 ја напуштаат, Евијан, Мец и Ленс.

Коплетни резултати и табела по последното коло во француската Лига 1: Бордо – Монпеље 2:1, Сент Етијен – Гингамп 2:1, Рен – Олимпик Лион 0:1, Париз Сен Жермен – Ремс 3:2, Мец – Лил 1:4, Олимпик Марсеј – Бастија 3:0, Лориен – Монако 0:1, Ленс – Нант 1:0, Кан – Евијан 3:2 и Тулуз – Ница 2:3.

Табела:
Париз Сен Жермен 83 бодови,
Олимпик Лион 75,
Монако 71,
Олимпик Марсеј 69,
Сент Етијен 69 …
****************
Евијан 37, Мец 30 и Ленс 29.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска