Заврши сезоната за Рубио

Од:

Тренерот на НБА лигашот Минесота Флип Сондерс соопшти дека плејмејкерот на неговиот тим Рики Рубио нема да се врати на паркетот до крајот на сезоната.

Шпански кошаркар има проблем со глуждот на левата нога, повреда добиена на дуелот во ноември против Орландо.

– Има оток неговиот зглоб. Лекарите сакаат да го одморат. Дури и кога би играл, нема да биде од голема помош во оваа ситуација. Ние сакаме да бидеме сигурни и затоа нема да игра до крајот на сезоната, изјави Сандерс.

Рубио се повреди на 7 ноември, пропушти 42 натпревари и се врати на 2 февруари против Далас. Сепак, тој не играше на 11 од последните 12 натпревари на Минесота.

Оваа сезона Шпанецот одигра само 22 натпревари и имаше ефект од 10,3 поени, 8,8 асистенции и 5,7 скока по натпревар.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа