Со одигрувањето на четирите натпревари од последното 14. коло синоќа заврши првиот дел од македонското првенство во кошарка.
Во дербито Фени Индустри на гостински терен го совлада Работнички и со 12 победи го освои првото место на табелата.
На теренот на противникот триумфираа и Охрид и Струмица, додека единствена екипа која освои два бода на домашен терен е Кожув.
Резултати на натпреварите од 14.коло во Првата кошаркарска лига:
Вардар – Охрид 80:93,
Струмица – Куманово 62:79,
Кожув – Пелистер 83:71 и
Работнички – Фени Индустри 83:86.
Табела: Фени Индустри 26 бодови, Работнички 25, Куманово 23, Кожув 22, Струмица 18, Пелистер 18, Охрид 18 и Вардар 14.
Првите четири екипи на табелата заедно со АБА-лигашите, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи ќе се натпреваруваат во новоформираната Супер-лигата, додека четирите екипи од долниот дел на табелата ќе се борат за опстанок.