Заврши првата фаза на Евробаскетот

Од:

Со одигрувањето на синоќешните натпревари од 5. коло од групите заврши првата фаза на Евробаскетот.

Познати се 16-те селекции кои изборија пласман во осминафиналето, а Македонија која имаше скор 1-4 (победи-порази) првенството го заврши на 19. место. Три репрезентации имаа максимален учинок пет победи (Франција, Србија и Грција), а само Исланд остана без триумф.

Денеска на првенството е слободен ден, односно репрезентациите осминафиналисти ќе треба да допатуваат во Лил, каде ќе се игра завршницата.

Резултати од 5.коло:

А група (Монпеље):
Финска – Полска 65:78,
БиХ – Русија 61:81,
Франција – Изреал 86:61.

Табела: Франција 5-0 (победи – порази), Израел 3-2, Полска 3-2, Финска 2-3, Русија 1-4, БиХ 1-4.

Б група (Берлин):
Србија – Италија 101:82,
Германија – Шпанија 76:77,
Турција – Исланд 111:102 (91:91) по продолжение.

Табела: Србија 5-0, Шпанија 3-2, Италија 3-2, Турција 3-2, Германија 1-4, Исланд 0-5.

Ц група (Загреб):

Македонија – Словенија 51:62,
Грузија – Хрватска 71:58,
Грција – Холандија 68:65.

Табела: Грција 5-0, Хрватска 3-2, Словенија 3-2, Грузија 2-3, Македонија 1-4, Холандија 1-4.

Д група (Рига):

Украина – Белгија 71:79,
Летонија – Естонија 75:64,
Чешка – Литванија 81:85 (69:69) по продолжение.

Табела: Литванија 4-1, Летонија 3-2, Чешка 3-2, Белгија 3-2, Естонија 1-4, Украина 1-4.

Утре во осминафиналето ќе играат: Летонија – Словенија (12 часот), Грција – Белгија (14:30 часот), Шпанија – Полска (18:30 часот) и Франција – Турција (21 часот).

Во недела на програмата се осминафиналните дуели: Хрватска – Чешка (12 часот), Србија – Финска (14:30 часот), Израел – Италија (18:30 часот) и Литванија – Грузија (21 часот).

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска