Шпанија нов европски шампион во кошарка

Од:

Репрезентацијата на Шпанија е нов европски шампион откако во финалето ја победи Литванија со 80:63 (19:8; 22:25; 19:10; 20:20). За Шпанија ова е трет златен медал на европските првенства, а Литванија по финалето во 2013 година повторно го освои сребрениот медал.

Решавачката предност „црвената фурија“ ја направи во првите 10 минути, кога имаше и двоцифрена предност. Таа разлика Шпанија ја зачува и до крајот на натпреварот.

Најдобар поединец на финалето беше Пау Гасол со 25 поени и 12 скока.

Репрезентациите на Шпанија и на Литванија обезбедија и директно учество на Олимписките игри во Рио.

Во натпреварот за третото место Франција ја победи Србија со 81:68.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска

Први четвртфинални дуели на Евробаскет

Ана Ололовска