Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Од:

По двајца Литванци и Шпанци и еден Французин ја сочинуваат идеалната петорка на Европското кошаркарско првенство што синоќа заврши во Лил.

Членот на победничката репрезентација, Шпанецот Пау Гасол е еден од петмината „идеални“, а истовремено е прогласен и за добитник на МВП наградата која се доделува на најкорисниот играч.

35-годишниот НБА играч на Чикаго Булс, Евробаскетот 2015 го заврши со просек од 25,6 поени, 8,4 скока и 2,4 асистенции по натпревар. Тој за МВП беше прогласен и на ЕП 2009.

Покрај Гасол од шпанската селекција во идеалните пет се најде и Серхио Родригез. Од финалистот Литванија во најдобрата петорка се избрани Јонас Валанчиунас и Јонас Мациулис, а петтиот е членот на домашната репрезентација и освојувач на бронзен медал, Французинот Нандо де Коло.

Би можело да ве интересира

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска

Први четвртфинални дуели на Евробаскет

Ана Ололовска