Први четвртфинални дуели на Евробаскет

Од:

По одигрувањето на вечерашните први четвртфинални натпревари ќе бидат познати и првите полуфиналисти на Евробаскетот.

На отворањето на оваа рунда ќе играат Шпанија и Грција (почеток 18:30 часот), две селекции кои последните години се постојано во врвот на европската кошарка. И двата тима се предводени од одлични играчи, кај Шпанија Пау Гасол, а кај Грција Василис Спанулис.

Во меѓусебните дуели поуспешна е Шпанија со 15:7 во добиени натпревари, но на последниот на Европското првенство пред две години во Словенија победи Грција со 79:75. На шампионатот досега Грција е без пораз, додека Шпанија во два наврати беше совладана (Србија и Италија).

Од 21 часот ќе играат домаќинот и европски шампион Франција и Летонија. Апсолутен фаворит на дуелот е Франција која предводена од Тони Паркер атакува на ново финале.

„Триколорите“ се без пораз, додека Летонија во групата загуби од Литванија и од Украина. На седумте одиграни натпревари досега Франција има биланс од 5:2 во победи и тоа од 2003 година.

Утре се играат другите два четвртфинални дуели: Србија – Чешка (18:30 часот) и Италија – Литванија (21 часот).

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска