Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Од:

Репрезентацијата на Франција се избори за трето полуфинале во низа на Европските првенства откако синоќа во четвртфиналето во Лил ја победи Летонија со 84:70.

„Триколорите“ ја оправдаа улогата фаворит во четвртфиналето, но Летонија се покажа како сериозен ривал и во поголемиот дел од првото полувреме имаше водство.

Во финишот на вториот период Тони Паркер реализираше серија од девет поени, по кои Франција поведе и водството го зачува до крајот на натпреварот.

Паркер со 18 поени беше најефикасен, додека уште четири негови соиграчи постигнаа двоцифрен број поени. Кај Летонија Кристапс Јаниченокс постигна 16 поени.

Во првото четвртфинале Шпанија ја победи Грција со 73:71.

Полуфинале меѓу Франција и Шпанија ќе се игра на утре.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели: Србија – Чешка и Италија – Литванија.

Поразените репрезентации од четвртфиналето ќе разигруваат за пласман од 5-8.место.

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Први четвртфинални дуели на Евробаскет

Ана Ололовска