Во второто по квалитет европско клупсно натпревраување во фудбал Лига Европа, вечерва ќе се играат првите натпревари од осминалиналето.
Во терминот од 19 часот ќе се одиграат три средби.
Во Ростов кај истоимената руска екипа гостува англискиот Манчестер Јунајтед. Составот на никозиски АПОЕЛ ќе биде домаќин на Андерлехт, додека тимот на Копенхаген го пречекува Ајакс.
Останатите пет натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот, а двојките се:
Селта Виго – Краснодар,
Шалке – Борусија Менхенгладбах,
Олимпик Лион – Рома,
Олимпијакос – Бешикташ,
Гент – Генк.
Реванш дуелите на програмата се на 16 март.