Со натпреварот во Менхенгладбах меѓу Борусија и Шалке, вечерва од 20 часот и 30 минути започнува 32.от круг од германската Бундес лига.
Натпреварот е од големо значење за двете екипи, бидејќи се борат за место на табелата кое обезбедува пласман во европските купови следната сезона.
Во ова коло ќе се сретнат новиот шампион Баерн Минхен и се уште актуелниот Борусија Дортмунд, екипи кои на 25 мај во Лондон, ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.
Двојки за утрешните средби: Штутгарт – Гројтер Фурт, Хановер – Мајнц, Вердер – Хофенхајм, Нирнберг – Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт – Фортуна Дизелдорф и Борусија Дортмунд – Баерн Минхен.
В недела вообичаено ќе се играат два натпревара, а овојпат двојките се, Фрајбург – Аугсбург и Хамбургер – Волфсбург.
Табела: Баерн Минхен 84 бодови, Борусија Дортмунд 64, Баер Леверкузен 56, Шалке 49, Ајнтрахт 46, Фрајбург 45, Борусија Менхенгладбах 44, Хамбургер 44,..