Започна пријавувањето за трките „Прв до врв“ на Водно

Од:

Пријавувањето за најмасовниот планински настан во регионот „Прв до врв“ на Водно е отворено за сите оние што сакаат да се пријават за учество во трките по намалена цена, информираат организаторите.

Оваа година популарните трки до врвот на Водно во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам ќе се одржат на 20 мај. Сите заинтересирани учесници може да се пријават веднаш по цена од 250 денари преку интернет-страницата на „Прв до врв“. Цената ќе се зголеми на 350 денари од 1 март, 400 денари од 1 мај и 500 денари на 18 и 19 мај.

Ова ќе биде шесто издание на „Прв до врв“ на Водно, на кое се очекуваат неколку илјади учесници, меѓу кои и зголемен број натпреварувачи од странство. Трките се наменети за учесници и во професионална и во рекреативна категорија.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ