Занети: Мацари е вистински човек за Интер

Од:

Капитенот на Интер, Хавиер Занети изјави дека новиот тренер Валтер Мацари е вистински човек за таа работа, бидејќи е способен да ги врати во победи.

-Тој има многу искуство и мислам дека по лошите работи кои што ни се случија, може да не врати на местото на кое што припаѓаме. Не го познавам лично, но гледам каков успех постигна со претходните клубови. Се надевам дека идната сезона ќе биде одлична за Интер-истакна Занети.

Екипата на Интер оваа сезона заврши на деветото место во Серија А.

-Потребна ни е сила, но и надеж и успех. Интер залужува да биде на врвот во италијанското натпреварување -додаде 39-годишниот аргентински репрезентативец.

Занети на крајот на сезоната тешко ја повреди Ахиловата пета, па му претстојува пауза од најмалку осум месеци.

Тој од 1995 година до денес за Интер одигра 845 натпревари и постигна 21 гол.

Со тимот од Милано, освои 16 трофеи од кои една во Лигата на шампионите и пет титули за првак на Италија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска