Загина Коби Брајант: Легендарниот кошаркар настрада во хеликоптерска несреќа!

Од:

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во хеликоптерска несреќа!

Според американските медиуми, поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс летал со најмалку четворица други во Калабас со неговиот приватен хеликоптер кога леталото се урналo.

Спасувачките служби реагирале веднаш, но никој не преживеал. Според информациите загинале пет лица.

Причината за падот на хеликоптерот се уште не е познат.

Според очевидци, хеликоптерот се запалил откако паднал на земја. Медиумите тврдат дека неговата сопруга и децата не биле со него.

Коби долго време го користеше хеликоптерот за патувања, уште во времето додека играше за Лејкерси.

Тогаш на натпреварите на својот тим леташе од Њупорт Бич до Стејплс Центарот во хеликоптерот.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.

Официјално се откажа од кошарката во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски