Заев на средба со Македонската федерација на традиционално карате: Се радуваме со успехот, секој спортист ни е важен

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на агенцијата за спорт и млади, Дарко Каевски, вечерва oствари средба со делегација од Македонската федерација на традиционално карате (МФТК), предводена од нејзиниот претседател Дејан Недев.

На средбата, каратистите го информираа премиерот за последниот голем успех на светското првенство во традиционално карате, одржано во Италија од 1 до 3 декември, каде македонските каратисти освоиле вкупно 14 медали, од кои 9 златни.

Премиерот Заев го поздрави овој успех и искажа подготвеност, во иднина владата да ги поддржи понатамошните активности на федерацијата со цел уште поголеми успеси на меѓународна сцена.

– Имаме амбициозни проекти за новини во спортот. Ќе ни треба вашата соработка за да го почувствуваат спортистите вистинскиот бенефит од нашите заеднички идеи, рече во оваа прилика премиерот Заев.

Оваа прилика, претставниците на МФТК ја искористија да му врачат почесна диплома и кимоно на премиерот Заев, во знак на благодарност за неговите заложби за промоција и напредок на спортот во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?