Следниот противник на МЗТ Скопје Аеродром во кошаркарската регионална АБА лига, тимот на Задар го вртаи во клубот Иван Рамљак.
Хрватскиот тим има лош старт во новата сезона слично како и МЗТ Скопје. По само една победа во првите четири натпревари, Задар одлучи да го врати Рамљак кој сезоната ја почна во Загреб.
Се очекува тој да биде во хрватскиот тим на неделниот натпревар против МЗТ Скопје на домашен терен.
Уште еден АБА лигаш има нов играч во своите редови. Црногорскиот тим Морнар го донесе Никола Кораќ, кој минатата сезона играше за Сутјеска.