За Вентура американската МЛС-лига е небитна

Од:

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Џампјеро Вентруа изјави дека во националниот тим нема место за Себастијан Џовинко, бидејќи тој настапува во неважна лига.

Поранешниот играч на Јувентус прикажува одлични перформанси во дресот на Торонто и според многу мислења е е ден од најдобрите во американската МЛС лига, но и покрај тоа не добива повик од селекторот Вентура.

– Се обидов да му помогнам на Џовинко, но тој игра во лига која е небитна и ирелевантно е за мене колку голови ќе постигне, бидејќи со таков квалитет е очекувано да прави разлика во тоа првенство. Проблемот е во тоа што кога играта во таква лига и вашето ниво и интензитет е на тоа рамниште. Подоцна тоа станува ментален проблем, изјави италијанскиот селектор.

Оваа сезона Џовинко има постигнато 22 гола и 14 асистенции.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска