За Скопскиот маратон досега пријавени преку 2.300 натпреварувачи

Од:

За годинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 12 мај досега учество пријавиле околу 2.300 натпреварувачи од 32 земји. Организаторите се надеваат дека до почетокот на овој настан кој по деветти пат се одржува во македонската престолнина ќе ја надмине минатогодишната бројка од 3.600 натпреварувачи.

– Овие бројки се моментални, очекуваме бројката на пријавени да расте и да ја надмине минатогодишната, вели директорот на Скопски маратон Кире Синадиновски.

Како и претходните години и оваа година ќе се трча маратон од 42 километри, полумаратон од 21 километар, хуманитарна трка од 5.000 метри и детски мини маратон од 500 метри. Во рамките на хуманитарната трка ќе се одржи и „Тим Билдинг“, а годинава ќе бидат вклучени и средните училишта.

Од пријавените натпреварувачи 140 ќе бидат дел од главната трка, 350 од полумаратонот, а околу 1.800 натпреварувачи ќе учествуваат на трката на пет километри.

Стартот на маратонот ќе биде на улицата „Димитрија Чуповски“, додека целта ќе биде на плоштадот „Македонија“ кај споменикот „Воин на коњ“.

Наградниот фонд годинава изнесува 10.500 евра, од кои 1.700 за прво место и дополнителни 300 евра за соборување на рекорд.

Би можело да ве интересира

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ

Пливачи со години не добивале награди од охридскиот маратон, Пецаков им пратил покани и чека одговори

Кристијан Ландов

Поп Арсова на 28. место на маратонската трка на СП