За Пандев, мечот со Наполи не е обичен

Од:

„Македонското дерби“ помеѓу Наполи на Елиф Елмас и Џенова на Горан Пандев, од 20:45 часот, е најинтересниот денешен фудбалски натпревар за македонската јавност, и тоа од неколку аспекти.

Пандев од 2011 до 2014 година играше за Наполи и даде 19 гола. За него, дуелите на „Сан Паоло“ секогаш се посебни, и ќе сака да постигне гол, што би бил негов трети на последните четири меча, откако на клупата седна тренерот Мота. Најавата е дека Пандев ќе биде стартер. Минатиот викенд струмичанецот играше против Илија Несторовски, денеска има дуел со Елмас.

Наполи од 19 октомври нема победа во меч од Серија А, и дуелот со Џенова им доаѓа во вистински момент. Наполи беше во центарот на вниманието поради непослушноста на играчите кон претседателот на клубот. Елмас не е меѓу главните штрајкувачи, но вечерва ќе биде на клупата за резерви, освен ако Анчелоти не се премисли во последен момент.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска