За Петар Богојески, лидерот на Македонски концепт и поранешен директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, пеењето на фудбалерите на Вардар при прославата на шампионската титула во кое на вулгарен начин се споменува поп-дивата Каролина Гочева се „оправдани младешки фантазии“ кои според него „лесно ќе ви ги простиме“, но за него непростиливо било тоа што славеле со српска музика.
– МОМЦИ ОД ВАРДАР, лесно ќе ви ја простиме “песната за Каролина”… вашите младешки фантазии за убавата Македонка се оправдани!
Би било погрешно ако ги немавте! НИКОГАШ НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ за вашето славење на македонска шампионска титула со српска музика, вели Богојески во објава на социјалните мрежи.
Спорната песна при прославата на фудбалерите на Вардар предизвика жестоки реакции во јавноста, осуда од Фудбалската федерација и дисциплинска постапка. Реагираше и Министерството за спорт.
