ВИДЕО: Седлоски во името на тимот на Вардар се извини за вулгарната песна на прославата

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација и тренер на Вардар, Гоце Седлоски, денеска јавно се извини за контроверзната прослава на „црвено-црните“ по освоената титула, која предизвика бурни реакции во јавноста.

На денешната прес-конференција, на која беше објавен списокот на фудбалери за претстојните дуели против Босна и Турција, Седлоски упати извинување во свое име и во име на целиот тим на Вардар.

„Во мое лично име и во име на сите играчи на Вардар сакам да се извинам за потегот кој се направи на прославата со екипата во Струга“, изјави Седлоски на почетокот од прес-конференцијата.

Реакциите во јавноста следуваа откако на социјалните мрежи се појави видео од прославата, на кое фудбалерите на Вардар пеат вулгарна песна навредлива за Битола и пејачката Каролина Гочева.

Во меѓувреме, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија отвори постапка против Вардар, а во наредниот период се очекува да биде соопштена и евентуалната санкција.

Би можело да ве интересира

Вардар се раздели со тренерот Кристијан Фабијани

Катерина Ѓуровски

За Богојески пеењето на вардарци било „оправдана младешка фантазија“, не можел да им ја прости српската музика

Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

(ВИДЕО) Промоција на Седолоски: ќе остане и во Вардар, во репрезнтацијата ќе работи про боно

Пелистер му се скара на Вардар, веќе нема да комуницираат: Имаат недостојна управа

Левица: ФК Вардар тоне додека власта го штити нивниот пулен Миленко Неделковски

Горан Наумовски