Навредите од Неделковски кон Бендевска и Гочева се недостојни, мизогини и неприфатливи, реагираат од ЗНАМ

Од:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија остро реагираше на јавните навреди упатени од Миленко Неделковски кон потпретседателката на Собранието и потпретседателка на партијата, Весна Бендевска, како и кон естрадната уметничка Каролина Гочева, оценувајќи ги како недостојни, мизогини и неприфатливи.

Во реакцијата, во име на претседателот Максим Димитриевски, раководството и членството на партијата, ЗНАМ упати искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и навивачите на ФК Вардар за освоената шампионска титула, оценувајќи дека клубот е „национална гордост, институција и симбол на главниот град“.

Сепак, од партијата велат дека големиот спортски успех бил засенет од, како што наведуваат, „срамниот и недостоен испад на поединец поврзан со раководството на клубот“.

ЗНАМ остро го осуди, како што наведуваат, „мизогиниот и сексистички напад“ врз Весна Бендевска, оценувајќи дека ваквиот говор претставува директен напад врз достоинството на жените и го труе јавниот простор со омраза.

„Тоа е однесување кое е неспоиво со вредностите на спортот, почитта и културата што треба да ги негува еден клуб од рангот на Вардар“, се наведува во реакцијата.

Од Движењето побараа раководството на ФК Вардар итно да се огради од ваквото однесување, оценувајќи дека толеранцијата кон вакви појави придонесува за нивна нормализација во општеството.

Партијата порача дека и понатаму ќе застанува во заштита на човековите права, достоинството и еднаквоста на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Минчев: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

ЗНАМ предлага измени на Законот за семејството: Посвоените лица да можат да добијат информации за своето потекло

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање

Предраг Петровиќ

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот