Втора победа на ракометарите на Тунис во подготовките на СП во Катар

Од:

Ракометарите на Тунис, кои ќе бидат едни од противниците на македонската репрезентација на претстојното СП во Катар, ја забележаа и втората победа на меѓународниот турнир „Жолт куп’’ кој се одржува во Швајцарија.

Селекцијата на Тунис откако вчера ја победи Белорусија со 34:30, попладнево на турнирот во Винтертур славеше победа и против репрезентацијата на Словачка со 28:27 полувреме 12:13. Со 6 постигнати голови Бугханми Осама беше најефикасен во селекцијата на Тунис, за која Јалуз Ваел и Хамед Ајемен постигнаа по еден помалку (5 голови).

Настапот на овој турнир селекцијата на Тунис ќе го заокружи со утрешниот дуел против домаќинот Швајцарија која пак вечерва ќе игра против Белорусија.

Тунижаните ќе бидат првиот противник на репрезентацијата на Македонија на Мундијалот во Катар кој стартува на 15 јануари, а натпреварот кој ќе се игра во рамките на групата Б на програмата е ден подоцна (16 јануари) од 15 часот. Потсетување дека покрај Тунис, противници на Македонија во групната фаза на СП ќе бидат и селекциите на: Иран, Босна и Херцеговина, Хрватска и Австрија редоследно.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП