Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје ја постигнаа втората победа на гости сезонава во АБА лигата или вкупно шеста откако вчера го победија унгарски Шолнок со 76:73 (30:18, 20:20, 15:18 и 11:17 по четвртини).
Ова воедно беше првиот натпревар од 17.коло.
На своето деби на тренерската клупа Александар Јончевски статуваше со триумф. Ефикасната прва четвртина се покажа како решавачка за победата на македонскиот шампион, кога „металците“ постигна 30 поени.
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Урош Лучиќ со 20 поени, додека Сеад Шеховиќ постигна 14.
Во следното коло МЗТ Скопје на домашен терен ја пречекува екипата на Крка