Актуелниот шампион на Франција, ПСЖ и на вториот натпревар на гостински терен во новото првенство не успева да победи. Синоќа во рамките на третото коло на гостувањето кај Евиан одигра нерешено 0:0 и притоа натпреварот го заврши со играч помалку откако црвен картон доби Јохан Кабај во 63.минута.
По двата пораза екипата на Евиан го освои првиот бод.
Во рамките на 3. коло на Лига 1 денеска играат: Генгамп – Олимпик Марсеј, Бастија – Тулуз, Лил – Лориен, Монпеље – Мец, Ница – Бордо и Ремс – Каен.
Колото ќе биде комплетирано со утрешните дуели: Олимпик Лион – Ленс, Сент Етиен – Рен и Нант – Монако.
Табела: Сент Етиен 6 бодови, Бордо 6, ПСЖ 5, Ница 4, Лориен 4, Нант 4, Лил 4,…