Врвни европски екипи од 15-ти до 18-ти август на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Струга од 15 до 18 август оваа година ќе биде домаќин на 40-от по ред Ракометен турнир.Годинава организаторите се потрудија турнирот да го подигнат на многу повисоко ниво за разлика од минатите години.

Во Струга доаѓаат Белорускиот првак и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Минск, Брест Мешков- второ пласирана еќипа во Белоруското првенство, и годинешен учесник во Ехф купот и Сеха лигата, Данкерк од Франција- финалист на Ехф купот, Дадеман Бакау од Романија- второ пласирана екипа во Романското првенство и учесник во Ехф купот, Металург-петкратен првак на Македонија во ракомет и учесник во Лигата на шампионите како и Ракометниот клуб Струга домаќин на турнирот.

Квалитетот на меѓународниот ракометен турнир оваа година успеавме да го подигнеме на високо ниво со што се доближивме до квалитетот на европските ракометни турнири беше речено на денешната пресс конференција на организациониот одбор на ракометниот турнир Струга 2012.Турнирот и годинава ќе се игра на отвореното ракометно игралиште во близина на женска плажа во Струга, кое што во моментов се реновира.

Инаку Струшкиот ракоментен турнир е македонски спортски бренд па затоа и голем број државни и приватни компании се одлучија истиот финансиски да го подигнат.

Во минатото на турнирот учествувале и го освојувале врвни европски ракметни екипи, но поради немање доволно финансии последните години квалиетот на истиот опадна. Оваа година благодарение на неколку ентузијасти и ракометни работници турнирот го враќа стариот сјај

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ