Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го загуби и вториот пријателски натпревар против Косово. Денеска на комплексот „Петар Милошевски“, новата генерација млади фудбалери до 21 година загуби со 0-1.
Стрелец на победничкиот гол за Косово беше Аулон Битиќи во 40.минута од мечот.
Очигледно дека треба нешто да се менува во младиот национален тим, можеби тоа е селекторската позиција каде Драган Канатларовски веќе подолг период не може да ги испорача очекуваните резултати.