Ворли светска првенка во велеслалом

Од:

Французинката Теса Ворли е победничка во дисциплината велеслалом на 11 ден од Светското првенство во алпски дисциплини кое се одржува во австрискиот скијачки центар Шладминг.

Ворли до златниот медал во оваа дисциплина стигна со убедливо возење во двете трки и вкупно време од 2:08.06 или повеќе од една секунда предност пред најблиските конкурентки за златото.

Сребрениот медал го освои Тина Мазе (Словенија). Таа по првата трка беше на 4.место, но со одлично второ возење успеа да се избори за медал заостанувајќи зад победничката 1.12 секунди.

На подиумот како третопласирана се искачи домашната натпреварувачка Ана Фенингер со вкупно време од 2:09.24.

За утре на програмата закажани се трките од машкиот велеслалом. Првата ќе започне во 10 часот, а втората во13 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски