Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Од:

Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните ски-скокови од новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

По триумфот во Оберстфорд остварен пред три дена, Кобајаши денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар од турнејата.

До победата, јапонскиот натпреварувач стигна со скокови од 143 метри во првата и 135,5 метри во втората серија, односно 291,2 освоени бода.
Второто место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер со 141 и 143,5 метри или 291 бод.
Трет беше Ловро Кос од Словенија со прескокнати 135,5 метри и 138 метри, 286 бодови.

Следен натпревар за најдобрите ски-скокачи во светот е на 4 јануари во австриски Инсбрук.

Би можело да ве интересира

„Четири скокалници“: Ланишек славеше во Гармиш

А1он

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска