Вооружени лица упаднале во печатница на Панини во Аргентина и под закана од оружје украле неколку милиони самолепливи сликичи од албумот за Светското првенство во фудбал – Русија 2018.
Пет мажи влегле во печтницата во градчето Мунро, предградие на Буенос Аирес и закаувајќи се со оружје ги натерале вработените да им натоварат повеќе од 600 кутии со сликички во нивниот камион.
Во секоја од кутиите имало по околу илјада кесички, а секоја од нив содржи по пет сликички со фотографиите од фудбалерите кои ќе настапат на Светското првенство.
Вкупната вредност на кражбата се проценува на околу 360 илјади долари.
Безбедносните камери во печатницата не успеале да ги фатат лицата на ограбувачите, кои се уште се во бегство.
Останува нејасно што крадците ќе прават со украдените сликички, иако се претпоставува дека тие ќе завршат на црниот пазар со цени пониски од официјалните.