„Волво“ во иднина нема да произведува нови дизел модели

Од:

Компанијата „Волво“ одлучи да се откаже од новата генерација на дизел мотори, бидејќи во неа сметаат дека трошоците за развој и производство на идните дизелаши ќе се превисоки, покрај потребите да се задоволат и строгите европски стандарди за штетни емисии.

-Од денешна перспектива, извесно е дека нема да развиваме нова генерација на дизел агрегати, за „Франкфуртер алемајне цајтунг“ изјави шефот на „Волво“, Хокан Самуелсон.

Оваа одлука тој ја образложи со фактот дека компанијата скапо ќе ја чини прилагодувањето на новите, построги норми што се однесуваат на намалувањето на емисиите на азотен оксид.

Сепак, како што вели Самуелсон, „Волво“ ќе продолжи да ги усовршува дизел моторите од актуелната генерација што во своето производство ги воведе во 2013 година, со цел да дојде до намалување на емисиите на штетни гасови, но само до 2023 година.

Алтернативата на дизелашите тој ја гледа во плуг-ин хибридните и електрични модели, а првиот „Волво“ што ќе се движи само со помош на електрична енергија е планиран за 2019 година.

– Мораме да и одадеме признание на компанијата „Тесла“, затоа што успеа да развие посебни електрични автомобили. Сметам дека на тоа поле има простор за „Волво“, компанијата која може да понуди електричен автомобил со висок квалитет и атрактивен дизајн, рече Самуелсон.

Првиот човек на „Волво“ смета дека строгите стандарди за емисии ќе доведат до тоа цената на автомобилот со дизел мотори во иднина занчително да нараснат, па плуг-ин хибридните модели ќе станат прималива алтернатива за купувачите кога станува збор за цената на возилото, но и поради ниската потрошувачка на гориво.

Како и многу други производители на премиум автомобили, „Волво“, исто така, не може само така да се откаже од дизелашите, со оглед на тоа дека овој вид на возила и понатаму се многу барани, пред се во Европа.

Автомобилите со дизел мотори чинат повеќе од 50 отсто од сите новорегистррани возила на Стариот континент, а дури 90 отсто од продадени модели на „Волво“ се дизалашите „ХЦ90“.

Би можело да ве интересира

Волво планира до крајот на годината да котира на Стокхолмската берза

А1он

Волво ќе отпушти 4.000 работници поради пандемијата

Жарко Настоски

И Волво почна да произведува заштитни маски за здравствените работници кои се борат против коронавирусот

А1он

„Волво“ повлекува милион возила, се топат делови од моторот

ВИДЕО: Автономниот концепт на Волво – повеќе од обичен автомобил

Наум Локоски