Волво ќе отпушти 4.000 работници поради пандемијата

Од:

Шведскиот производител на камиони Волво  објави дека планира да скрати 4.100 работни места низ целиот свет во втората половина од годинава, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот што влијаеше на активностите на компанијата.

Пандемијата ја задуши побарувачката за камиони, принудувајќи го Волво и неговите ривали да ги намалуваат трошоците. На почетокот на овој месец, уште еден шведски производител на камиони, Сканија, најави големо намалување на работната сила.

„Епидемијата на коронавирусот и глобалните мерки преземени во борбата против неа, доведоа до состојба на пазарот што силно влијае врз нашата индустрија. Ефектот се очекува да биде помала побарувачка во иднина и треба да продолжиме соодветно да ја прилагодуваме нашата организација“, наведува во соопштение извршниот директор на Волво, Мартин Лундстед.

Околу 15 проценти од планираното намалување на работната сила ќе се однесуваат на консултантите и се очекува да бидат отпуштени околу 1.250 работници во Шведска.

Компанијата со седиште во Гетеборг, која има околу 104.000 вработени, на крајот на април објави дека забележала пад од 75 проценти во нарачките за камиони во март во однос на февруари и дека оттогаш бележи негативен тренд.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски