„Волво“ повлекува милион возила, се топат делови од моторот

Од:

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ повлеку повеќе од милион возила бидејќи некои делови од моторот може да се растопат.

Од компанијата наведуваат дека во најлош случај проблемот може да предизвика пожар. Во долгата историја на „Волво“ таков случај не е забележан.

Според шведската телевизија СВТ, проблемот се однесува на моделите со четири цилиндрични дизел мотори произведени од 2014 до 2019 година.

Ова се модели V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Ова е уште една лоша вест за “Волво” откако забележа пад на добивката во вториот квартал од 2019 година, и покрај значителното зголемување на продажбата.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност