ВИДЕО: Автономниот концепт на Волво – повеќе од обичен автомобил

Од:

Самоуправувачките автомобили треба да го направат нашето секојдневно патување попријатно и потенцијално побрзо. Сепак, Волво сака уште повеќе да ја развие оваа идеја со својот концепт наречен „360c“. Откриен во седиштето на гигантот во Гетеборг, моделот замислува свет во кој автомобилите ќе станат мобилни канцеларии, спални и дури алтернативи на авионите, при пократки растојанија.

Концептот „360c“ е изграден врз концептот на целосно автономен, електричен автомобил без возач зад воланот. Акцентот е на слободата на дизајнот, која е можна благодарение на недостатокот на волан и мотор со внатрешно согорување и ја преиспитува традиционалната поставеност на патничките седишта во два или три реда.

Концептот нуди четири можности за патување во самоуправувачкото возило и негова употреба како спална соба, мобилна канцеларија, како соба за дневен престој и како место за забава.

– Бизнисот ќе се промени во идните години и „Волво“ треба да е водечка фигура во оваа промена. Автономното управување ќе ни овозможи да го направиме следниот голем чекор во безбедноста, но, исто така, ќе отвори можност за реализирање на нови бизнис модели и ќе им овозможи на корисниците да го поминат времето во автомобилот така, како што сакаат, изјави Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на „Volvo Cars“.

Концептот „360с“ има амбиција да стане потенцијален конкурент на авиокомпаниите и други снабдувачи на услуги во областа на патувањата по воздух на кратки растојанија. Во САД, на пример, минатата година, преку 740 милиони патници користеле домашни летови.

Најпрометните маршрути, како Њујорк – Вашингтон, Хјустон – Далас, Лос Анџелес – Сан Диего, им одземаат на патниците повеќе време за движење со авион отколку со автомобил, ако се вклучи транспортот до аеродромот, проверките за безбедност и чекањето на летот.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска