Волфсбург обезбеди финале во националниот куп

Од:

Волфсбург e вториот финалист во германскиот фудбалски куп, откако синоќа со убедливи 4:0 славеше во полуфиналната пресметка со Арминија во Билефелд.

По два гола гостите постигнаа во првото и во второто полувреме. Серијата ја отвори и ја затвори Максимилијан Арнолд со головите во 8. и 55.минута, додека Луис Густаво погоди во 31., а Иван Перишиќ во 51.минута.

Противник на Волфсбург во завршниот меч ќе му биде Борусија Дортмунд.

Борбата за трофејот во Купот е закажана за 30 мај на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Борусија во својата историја има три трофеи од ова натпреварување, Волфсбург се уште нема куп-пехар.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска