Во седиштето на УЕФА се одржа 19. форум на елитни тренери

Од:

Во седиштето на Европската фудбалска федерација во Нион во текот на вчерашниот ден се одржа 19. форум на елитни тренери. Врвните европски фудбалски експерти имаа можност за размена на идеи и мислења.

Состанокот беше воден од легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед и УЕФА амбасадор за тренери, Сер Алекс Фергусон.

На форумот присуствуваа Масимилијано Алегри (Јувентус), Рафаел Бенитез (Њукасл), Едуардо Берижо (Севиља), Серхио Консеисао (Порто), Унаи Емери (ПСЖ), Леонардо Жардим (Монако), Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед), Ернесто Валверде (Барселона), Луис ван Гал, Руи Виториа (Бенфика) и Зинедин Зидан (Реал Мадрид).

Тие разговараа за главните прашања на европскиот фудбал, а темите ги опфатија и клучните фактори за успех во европските атпреварувања, како и враќање на напаѓачкиот фудбал, кој е минатата сезона во Лигата на шампионите донесе 380 голови, или 3,04 во просек по натпревар.

Исто така, беше разговарано и за судските промени, особено за вклучување на видео асистент, а една од темите беше должината на преодниот рок.

– Секогаш постојат работи кои треба да се научат на овие состаноци, бидејќи постојат тренери кои имаат огромно искуство и со своите клубови влегле во историјата на фудбал освојувајќи многу трофеи, истакна Алегри.

Форумот го посети и претседателот на УЕФА, Александар Цеферин, а со него беа и поранешни играчи Чаби Алонсо, Леонардо, Питер Шмајхел, Кларенс Сидорф, Дејан Станковиќ, Давид Трезеге и Хавиер Занети.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана